Во претходните две упатства ви покажавме како да поврзете два или повеќе компјутери со UTP кабел како и упатство за правење на UTP кабел. Во продолжение на овој артикл
ќе се потрудиме во кратки црти да Ви објасниме како да споделите интернет помеѓу два или повеќе компјутери. Имаме земено предвид дека веќе имате направено и конфигурирано локална мрежа.
Споделувањето на интернет може да биде хардверски и софтверски. Под хардверски начин ќе го подразбираме споделувањето на интернет со помош на рутер, додека софтверскиот начин ќе се однесува на споделување на интернет преку компјутерот користејќи различен софтвер. Во овој артикл ќе се задржиме на споделување на интернет користејќи компјутер со инсталиран WindowsXP оперативен систем поврзан во локална мрежа. Тој начин, за разлика од користењето на рутер е многу поефтин, но не секoгаш и ефективен како и корисетњето на рутер. Доколку имате прашања за споделување на интернет со други оперативни системи поставувајте ги на форумот и ќе се обидеме да Ви помогнеме. Споделувањето на интернет кон конфигурирана безжична мрежа е сосема исти како и споделувањето кон локална мрежа направена со UTP кабел.
Кога употребуваме компјутер за споделување на интернет означува дека компјутерот кој е конфигуриран за споделување на интернет треба да е нон-стоп вклучен или барем кога сакате другите компјутери во мрежата да имаат интернет. Тој компјутер ќе го наречеме СЕРВЕР. Ако сте приклучени на интернет преку ADSL, Кабловски или друг тип на интернет кој го добивате преку мрежната картичка на компјутерот, тогаш ви се неопходими две мрежни картички.
Компјутерот кој ќе игра улога на сервер, односно тој кој ќе го споделува интернетот неопходно е да има инсталирано две мрежни картички. Едната мрежна картичка треба да е конфигурирана за поврзување кон локалната мрежа додека преку другата да добивате интернет. Доколку интернетот го добивате преку Dial-Up врска тогаш ви е потребна само една мрежна картичка. Но, не веруваме дека некој сака да споделува интернет врска добиена преку Dial-Up
Споделувањето може да биде со опциите вградени во самиот Windows или преку инсталирање на дополнителен софтвер.
Споделување преку опцијата Internet Connection Sharing вградена во оперативниот систем Windows. Оваа опција е најлесен начин за споделување на интернет. Доколку го користите овој начин на споделување на интернет нема да можете да ги контролирате другите компјутери за брзината на интернетот, но е доста корисна ако Ви треба само да споделите интернет на другите компјутери без никакво ограничување. Оваа опција има уште еден недостаток, доколку ја вклучите за споделување на интернет тогаш сите други компјутери добиваат динамичка адреса од серверот, а самиот сервер добива адреса 192.168.0.1. Тоа ќе го објасниме во продолжение на упатството.
Одете до:
Start->Control Panel-> Network Connections
Таму ќе ви се прикажат сите мрежни уреди кои се инсталирани на компјутерот. Во нашиот случај тие се прикажани на сликата подолу
Десен клик врз иконата што ви ја претставува конекцијата кон интернет (во нашиот случај тоа е иконата именувана како ADSL) и од контексното мени изберете Properties. Ке ви се отвори прозорец со неколку јазичиња, вие ќе треба да го изберете јазичето Advanced.
Опцијата означена со 1 означува дека дозволувате на другите компјутери поврзани на локалната мрежа да се поврзуваат на интернет преку овој компјутер. Штиклирајте ја оваа опција.
Опцијата означена со 2 означува преку кој мрежен интерфејс да биде споделен интернетот т.е. да ја изберете мрежната картичка кон локалната мрежа или безжичната конекција. Во нашиот случај тоа е Local Area Connection 2. Потврдете со ОК.
Сега мрежната картичка на серверот која е поврзана кон локалната мрежа ќе добие IP адреса 192.168.0.1. За таа промена ќе бидете предупредени од Windows-от. Останува да ги конфигурирате и другите компјутери. На нив се што треба да направите е да подесите IP адресите да ги добиваат автоматски од серверот.
Тоа ќе го направите на следниот начин:
Start->Control Panel-> Network Connections.
Десен клик на мрежната иконата која ја претставува мрежната картичка и изберете Properties
Обележете ја конекцијата Internet Protocol (TCP/IP) и одете на Properties.
Штиклирајте ја опцијата 1 (Obtain an IP address automatically) и 2 (Obtain DNS server address automatically) и притиснете ОК. Опцијата 1 и 2 означуваат дека секој компјутер ќе добива автоматски IP адреса доделена од серверот. Ако имате повеќе компјутери во мрежата направете го истото со сите. Сега веќе ќе можете да користите интернетот од сите компјутери во мрежата.
Проблем: Бидејќи сега секој компјутер добива автоматски IP адреса веќе нема да можете да пристапувате кон компјутерите со нивната IP адреса бидејќи секојпат при нивното уклучување таа ќе биде различна. Пристапот кон компјутерите ќе можете да го правите преку My Network Places. Во адресната лента во Windows Explorer впишете My Network Places.

Пон Aвг 01, 2011 8:53 am by Гостин
» кој виц ве насмеа денес ?
Пон Апр 06, 2009 9:09 pm by jatika
» Man On Fire (2004) HDTV 720p
Вто Дек 16, 2008 10:26 am by ThA DON
» psa trance kolekcija 0
Вто Дек 16, 2008 2:54 am by [^_hYp3Rs0NiC_n3Rd_^]
» Петиција против труење на животните
Вто Ное 18, 2008 2:56 am by web master
» Изгубен на аеродром цели седум дена
Чет Ное 06, 2008 9:32 pm by web master
» како да се привлече секоја жена
Чет Ное 06, 2008 9:25 pm by web master
» нов фим со фифти сент
Чет Ное 06, 2008 9:16 pm by web master
» [MonkeyVision] OpenSuse 11 0 Live CD KDE4
Нед Ное 02, 2008 7:08 am by web master
» Ubuntu-8-10
Нед Ное 02, 2008 6:54 am by web master
» Prison Break
Нед Ное 02, 2008 6:40 am by web master
» Косово-држава!!
Саб Ное 01, 2008 2:42 am by ЌОЌОР
» Корисни интернет страни
Пет Окт 31, 2008 3:10 am by web master
» install
Пет Окт 31, 2008 3:00 am by web master
» Prodavam vespa
Вто Окт 28, 2008 3:17 pm by .:Hara Gobi:.