Го нарекуваат ’жив ѕид’, дијагоналата на екранот му е 150 инчи, и е неверојатно тенок, а Панасоник планира да го пушти во продажба веќе од следната година.
Станува збор за телевизор кој го покрива целиот ѕид од собата и прикажува различни содржини на различни делови од екранот, зависно од потребите на семејството.
На пример, поголемиот дел од неговата површина може да функционира како фото-тапет, додека на помал дел можете да гледате телевизија.
За се да функционира како што треба се грижи технологијата за препознавање на лица и движења. Кога ќе се појавите пред екранот, тој ќе препознае кој сте и каде точно се наоѓате, и ќе ги вклучи вашите омилени програми на делот од екранот пред кој што се наоѓате.
Не треба ни да се дискутира за тоа како на ова чудо ќе изгледаат видео игрите, а постои можност и за многу други примени, но сепак, не сме сигурни дека ’зјапањето’ во џиновски екран на долг рок е добра идеја.
Во секој случај, ако Панасоник навистина го направи овој концепт реалност, често изговараната реченица “тргни се од пред тој проклет телевизор“ ќе добие сосема поинакво значење.

» кој виц ве насмеа денес ?
» Man On Fire (2004) HDTV 720p
» psa trance kolekcija 0
» Петиција против труење на животните
» Изгубен на аеродром цели седум дена
» како да се привлече секоја жена
» нов фим со фифти сент
» [MonkeyVision] OpenSuse 11 0 Live CD KDE4
» Ubuntu-8-10
» Prison Break
» Косово-држава!!
» Корисни интернет страни
» install
» Prodavam vespa