ThA DON напиша:Kubuntu 7.04 e Linux дистрибуција за комерцијална употреба. Со Kubuntu ќе можете да:
* Пребарувате по глобалната мрежа со Mozilla Firefox или со Konqueror
* Гледате филмови со видео плеерот Kaffeine, без дополнително инсталирање на видео кодеци
* Слушате омилени mp3-ки и радио со Amarok
* Користете потполно бесплатен офис пакет OpenOffice
* Се допишувате преку ICQ, mIRC и целата мрежа воопшто
* Запишувате CD и DVD дискови со бесплатната програма к3
* Инсталирате секакви програми со помош на Adept
* Инсталирате различни програми за Windows со програмата Wine
* Користете KTorrent.
Дистрибуцијата е потполно бесплатна и е базирана на GNU/Linux. Може да си ја симнете од официјалната страна на дистрибуцијата и задолжително да ја запишете како bootable-диск, а не да го отпакувате фајлот. Откако ќе се снабдете со Kubuntu 7.04 подесете го компјутерот од BIOS-от така што ќе се стартува (boot-ира) од вашиот CD-ROM односно DVD-ROM. Поставете го дискот во соодветниот уред и рестартирајте го компјутерот.
ИНСТАЛИРАЊЕ
Компјутерот ќе започне да чита од оптичкиот уред и ќе се појави овој прозорец
По основните подесувања е избрано „Start or Install Kubuntu“. Може да видите дека од лево се одбројуваат секунди. Ако до истекувањето на секундите Вие не притиснете <Enter> вашиот компјутер ќе го стартува веќе инсталираниот оперативен систем на тврдиот диск.
Сега дистрибуцијата го проверува вашиот хардвер, за да може да се стартува под оптимални услови. После целосната проверка започнуваат да се вчитуваат последоватено хардверот, подесувањата, принтери и друга периферија приклучена во USB портите, прозорците и на самиот крај самата корисничка Linux околина KDE:
Кога ќе се отвори целиот екран на мониторот ќе видете една прекрасна дистрибуција. Може да разгледате по главното мени или на горната лева страна од десктопот да кликнете веднаш на копчето Install за да започне инсталирањето:
Од искуство ќе ви дадам совет пред да започнете со инсталацијата. Оние кои имаат интернет конекција преку PPPoE треба да ја отворат конзолата. Таа се наоѓа во Главно мени > Систем > Конзола. Ќе се отвори еден црн прозореџ и ќе напишете во него:
Код:
sudo pppoeconf
Вашата дистрибуција ќе ви ја покаже веднаш мрежната картичка која ја имате на вашиот компјутер и соодветно на тоа притискате <Enter>. Ќе видете како се исполнува една операција за наоѓање на вашата врска и после неколку секунди ќе бидете задолжени да го напишете вашето име, а исто така и лозинката за интернет врската. Продолжувате да притискате на копчето <Enter> на следните прозорци, додека не ви се испише порака дека вашата врска е воспоставена. Почекајте 4-6 сек. и стартувајте интернет прелистувач за да се уверете дека се е во ред. Откако сте се увериле дека се е како што треба може да притиснете на Install. Може да ја инсталирате дистрибуцијата без да правете интернет конекција, но во тој случај инсталацијата нема да ги симне потребните надоградби за драјверите на локалниот јазик. За корисните на ADSL врската автоматски е подесена и нема потреба од никакви подесувања во конзолата. Ќе ви се појави следниот прозорец:
Се отвора листа со 36 јазици. Сепак во ова упатство ќе ја продолжиме инсталацијата на англиски јазик. По местењето на локализацијата ќе стигнете до овој прозорец:
Го пишувате името или некој ник, потоа име на корисникот на тој компјутер, кој ќе биде Администратор и лозинка. Последното поле покажува како ќе се гледа вашиот компјутер во мрежата. Следно што треба да направите е да кликнете на Continue и ќе исчекате малку додека дистрибуцијата провери колку место има на тврдиот диск, какви оперативни системи има инсталирано и колку зафаќаат и на колку партиции е поделен истиот. По проверката автоматски ќе ви се отвори овој прозорец:
Според нас ова е најважниот дел при инсталирањето, затоа што тука се прават најмногу грешки. Првиот извор е: „Инсталирај на целиот хард диск“. Оваа опција може да се користи кога сакате да инсталирате само „Kubuntu 7.04“ на целиот хард диск. Вториот избор се однесува за: „Инсталирај на поголемиот дел од дискот откако ќе го разделиш истиот.“ Овој избор не се препорачува многу затоа што постои можност да избришете друг ОС, ако веќе постои таков. Последниот избор (секогаш најдолу) е „Мануелно или рачно разделување на хард дискот“. Наш совет е да ја изберете оваа опција и да продолжете понатаму. Исто така ако имате два хард дискови Kubuntu 7.04 ќе ви ги покаже и двата, Тие се именуваат вака: првиот хард диск секогаш е sda, а вториот sdb. Избирате еден од нив и после го применувате погоре споменатото. Се отвора овој прозорец:
Веднаш ќе бидете прашани „Сакате ли да создадете нова партиција? Сите податоци ќе бидат избришани! Секако дека сакате (освен нели ако немате инсталирано на партицијата некој ОС)“. Кликате на Yes и ќе стигнете напред до овој прозорец кој содржи многу важни податоци за партицијата:
Тука веќе сами може да определете колкав простор од дискот имате желба да одделите за дадениот дел. Наш совет - најмалку 3 GB, а ако веќе имате поголем хард диск тоа веќе е ваша работа. Типот на новиот дел треба да e ext3 (може да изберете и ext2).
Сега од хард дискот направивме дел за Linux и тој изгледа вака (8-Гигабајтниот дел):
Кај вас ќе се појави само еден дел за Linux. Следно, ќе ви се појави предупредувачка порака дали сакате да ги зачувате промените и дека сите податоци ќе бидат избришани. Вие одговарате Yes и чекате да се извршат операциите. Ако се е во ред би требало да ви се појави ова прозорче:
Кликнуваме на копчето ОК и се отвара хард дискот со двете партиции на него:
Вториот дел кој го создадовме е САМО со коса црта. Исто така се гледа и дека има селектирано опција автоматски да биде форматирана партицијата пред инсталирањето. После косата црта некои корисници преферираат да напишат home, за да се инсталира целата дистрибуција таму. Притиснете Continue и ќе со отвори прозорче кое внимателно го проверува целиот компјутер. На самиот крај од проверката ќе се појави прозорец со извештај:
Извештајот ви ги соопштува името, јазикот на кој ќе инсталирате и др. Сега веќе може безгрижно да го притиснете копчето Install
Времето за инсталирање зависи од тоа колку е моќен вашиот процесор. Според нашето искуство дојдовме до вакви заклучоци: 800 MHz компјутер инсталира за околу 54-57 минути, а 2700 MHz за околу 4-4,5 минути. За време на инсталирањето ако имате интернет конекција тогаш овде влегува и симнувањето на надоградбите од интернет и јазичните подесувања. Кога ќе заврши инсталацијата излегува овој прозорец:
Сега ќе кликнете на Restart now, но не чепкајте ништо на CD-ROM-от или DVD-ROM-от. Дистрибуцијата е во процес т.н „запомнување на сите подесувања“, и кога ќе заврши, CD-ROM-от сам ќе се отвори. Го вадите дискот и притискате <Enter> на вашата тастатура.
Колку за дополнување да споменеме дека Kubuntu 7.04 инсталира GRUB. Така кога се стартува одново компјутерот ќе ви покаже колку и какви оперативни системи имате. Тогаш може да изберете (во рок од 7 секунди) кој ОС да се покрене. Од друга страна ако не изберете ништо за тоа време ќе се покрене Kubuntu 7.04.
Дистрибуцијата е многу пријатна и лесна за користење. Нема да бидете приморани да инсталирате антивирусна програма, заштитен ѕид или други слични програми за заштита. Исто така ќе може да го гледате „Windows“ на вашиот компјутер и да ги отворате неговите фајлови.
вкупно посети на форумот
пишувај кирилица
моментална подршка
Latest topics
Top posters
web master (128) | ||||
ThA DON (113) | ||||
.:Hara Gobi:. (98) | ||||
DaciSS (70) | ||||
jatika (63) | ||||
ВЕБ МАСТЕР (59) | ||||
voren (31) | ||||
Dijana (28) | ||||
dimza (22) | ||||
girl (21) |
Изгубен на аеродром цели седум дена
како да се привлече секоја жена
Пон Aвг 01, 2011 8:53 am by Гостин
» кој виц ве насмеа денес ?
Пон Апр 06, 2009 9:09 pm by jatika
» Man On Fire (2004) HDTV 720p
Вто Дек 16, 2008 10:26 am by ThA DON
» psa trance kolekcija 0
Вто Дек 16, 2008 2:54 am by [^_hYp3Rs0NiC_n3Rd_^]
» Петиција против труење на животните
Вто Ное 18, 2008 2:56 am by web master
» Изгубен на аеродром цели седум дена
Чет Ное 06, 2008 9:32 pm by web master
» како да се привлече секоја жена
Чет Ное 06, 2008 9:25 pm by web master
» нов фим со фифти сент
Чет Ное 06, 2008 9:16 pm by web master
» [MonkeyVision] OpenSuse 11 0 Live CD KDE4
Нед Ное 02, 2008 7:08 am by web master
» Ubuntu-8-10
Нед Ное 02, 2008 6:54 am by web master
» Prison Break
Нед Ное 02, 2008 6:40 am by web master
» Косово-држава!!
Саб Ное 01, 2008 2:42 am by ЌОЌОР
» Корисни интернет страни
Пет Окт 31, 2008 3:10 am by web master
» install
Пет Окт 31, 2008 3:00 am by web master
» Prodavam vespa
Вто Окт 28, 2008 3:17 pm by .:Hara Gobi:.