Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

вкупно посети на форумот

пишувај кирилица

моментална подршка

Poll

мислење за форумот
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_left74%Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_right 74% [ 25 ]
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_left18%Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_right 18% [ 6 ]
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_left9%Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_right 9% [ 3 ]

Општо гласови : 34

Latest topics

» increase page rank backlinks services
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyПон Aвг 01, 2011 8:53 am by Гостин

» кој виц ве насмеа денес ?
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyПон Апр 06, 2009 9:09 pm by jatika

» Man On Fire (2004) HDTV 720p
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyВто Дек 16, 2008 10:26 am by ThA DON

» psa trance kolekcija 0
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyВто Дек 16, 2008 2:54 am by [^_hYp3Rs0NiC_n3Rd_^]

» Петиција против труење на животните
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyВто Ное 18, 2008 2:56 am by web master

» Изгубен на аеродром цели седум дена
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyЧет Ное 06, 2008 9:32 pm by web master

» како да се привлече секоја жена
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyЧет Ное 06, 2008 9:25 pm by web master

» нов фим со фифти сент
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyЧет Ное 06, 2008 9:16 pm by web master

» [MonkeyVision] OpenSuse 11 0 Live CD KDE4
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyНед Ное 02, 2008 7:08 am by web master

» Ubuntu-8-10
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyНед Ное 02, 2008 6:54 am by web master

» Prison Break
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyНед Ное 02, 2008 6:40 am by web master

» Косово-држава!!
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyСаб Ное 01, 2008 2:42 am by ЌОЌОР

» Корисни интернет страни
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyПет Окт 31, 2008 3:10 am by web master

» install
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyПет Окт 31, 2008 3:00 am by web master

» Prodavam vespa
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ EmptyВто Окт 28, 2008 3:17 pm by .:Hara Gobi:.

Top posters

web master (128)
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_leftНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ BarНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_right 
ThA DON (113)
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_leftНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ BarНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_right 
.:Hara Gobi:. (98)
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_leftНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ BarНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_right 
DaciSS (70)
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_leftНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ BarНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_right 
jatika (63)
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_leftНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ BarНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_right 
ВЕБ МАСТЕР (59)
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_leftНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ BarНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_right 
voren (31)
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_leftНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ BarНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_right 
Dijana (28)
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_leftНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ BarНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_right 
dimza (22)
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_leftНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ BarНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_right 
girl (21)
Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_leftНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ BarНаправи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Bar_right 

реклами

zenska sema
Изгубен на аеродром цели седум дена

Чет Ное 06, 2008 9:32 pm by web master

Изгубен на аеродром цели седум дена

Многу често се случува луѓето да се изгубат на големите аеродроми низ …

како да се привлече секоја жена

Чет Ное 06, 2008 9:25 pm by web master

Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Os_v
Многу мажи понекогаш би сакале да постои таен рецепт за освојување …

нов фим со фифти сент

Чет Ное 06, 2008 9:16 pm by web master

Контроверзниот рапер ќе заигра во трилерот 13 заедно со Мики Рурк и Џејсон Статхам. Снимањето на филмот би …


    Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ

    ThA DON
    ThA DON
    Admin


    Male
    Број на мислења : 113
    Age : 36
    Местолокација : Први влез
    Registration date : 2008-10-05

    Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Empty Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ

    Пишување  ThA DON Пон Окт 20, 2008 1:02 pm

    Два компјутери можете да поврзете директно со кабел или да користете свич. Ако вашата локална мрежа се состои само од два компјутери без планови за проширување на мрежата, најдобро е да користете директна врска.

    Директна врска.

    Во овој случај ќе ни биде потребен само кросовер кабел како и мрежни картички на двата компјутери. Новите конфигурации на компјутери одат со 10/100/1000Мbps мрежни картички. Колку поголема е брзината на пренос толку побрзо ќе се префрлуваат податоците од компјутер на компјутер (тоа највеќе се однесува на големите фајлови како на пример филмовите)

    Откако го имате направено кросовер кабелот следува поврзување на компјутерите (постапката за правење на кросовер кабел ја има објаснето во претходните артикли). Уштекајте ги двата краеви на кабелот во мрежните картички на двата компјутера. Ако е се во ред со кабелот тогаш црвениот икс на двата монитора на лентата со задачи (анг. taskbar) долу десно кај часовникот ќе се изгуби.
    Тоа значи дека е се во ред со кабелот кој го имате направено или сте го купиле од продавница. Доколку црвениот икс не се изгуби тогаш има некој проблем со кабелот, пробајте да ги промените конекторите или да се снабдите со друг кросовер кабел.
    Сега следува конфигурирање на компјутерите за комуникација еден со друг. Објaснувањето е направено за Windows XP, но подесувањето на мрежата кај другите Windows-и е на сличен начин со мали разлики. Ако наидете на проблем во подесувањето на мрежата кај другите оперативни системи од Windows фамилијата како и за Unix базираните пишувајте на форумот.

    Подесување на ИП адреси

    Од Control Panel изберете Network Connections. Со десен клик врз иконата која ја претставува вашата мрежна картичка ќе ви се појави контексно мени од каде ќе изберете Properties. Ќе ви се отвори диjалог прозорец како на сликата.

    Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Lan_pr10


    Од листата на конекции ќе изберете Interenet Protocol (TCP/IP) и ќе отидете на Properties. Ќе ви се отвори прозорец како на сликата.

    Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Ip10


    Штиклирајте ја опцијата означена со бројот 1. Сега ќе треба да внесете IP адреса на едниот компјутер (IP адресата е единствена за секој компјутер и служи за идентифицирање на компјутерот во мрежа). Подетално за IP адресите ќе биде објаснено во некој друг артикл. Во полето IP address (2) внесете ја адресата 192.168.0.1, а во полето Subnet Mask (3) внесете 255.255.255.0. Другите полиња можете да ги оставите празни и притиснете ОК. Истото ќе го направите и на другиот компјутер со таа разлика што во полето IP address ќе ставите адресата 192.168.0.2. Сега двата компјутери имаат адреси преку кои можат да комуницираат. Следува проверка на функционалноста на направената мрежа. За да направите проверка од старт менито изберете Run... Внесете ја командата cmd и притиснете <Ентер>. Ќе ви се отвори командниот прозорец. Ако сте на компјутерот со IP адреса 192.168.0.2 внесете ја командата ping 192.168.0.1. Ако е успешна врската ќе ви се прикаже одговор од другиот компјутер како на сликата.

    Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Ping10



    Споделување на фајлови

    На веќе направената мрежа можете да споделите различни фајлови меѓу нив. Тоа се прави со помош на опцијата Share files. За да споделите одреден фајл најпрво треба да го сместите во некој фолдер. Со десен клик на фолдерот од контексното мени изберете Sharing and security.

    Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Sharin10


    Опцијата 1 означува дека сте согласни да го споделите фолдерот со другите корисници на мрежата. Опцијата 2 означува дека споделениот фолдер како и фајловите кои се наоѓаат во него можат да бидат изменувани од другите корисници во мрежата. Таа е активна доколку е означена опцијата 1. Останува да стиснете ОК и целата работа е завршена.

    Ако сето тоа го имате направено на компјутерот 1 со ИП адреса 192.168.0.1 тогаш од копмјутерот 2 можете да пристапите на компјутерот 1 испишувајќи ја следната команда во Windows Explorer

    \\192.168.0.1

    Потврдете со <Ентер> и споделените фајлови на првиот компјутер ќе ги гледате на вториот компјутер.

    Проблем:

    Ако на фолдерот што сакате да го споделите не е активна опцијата Share files тогаш од Control Panel изберете Nеtwork Setup Wizard. Најлесно е да не изменувате ништо само одговарајте на прашањата со потврдни одговори т.е. Next, Next, … , Finish.

    2. Поврзување на повеќе од два компјутери

    Начинот на поврзување на повеќе од два копмпјутери е сличен на поврзувањето на два компјутери само во таа разлика што ќе биде потребно да користите свич или хаб помеѓу нив.

    Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Lan_sw10


    Разлика меѓу свич и хаб.

    Свичот и хабот се повеќепортни уреди кои овозможуваат комуникација меѓу два или повеќе компјутери.

    Направи сам локална мрежа ВТОР ДЕЛ Switch10


    Кај свичот распределувањето на пакетите е по MAC адреси. Бидејќи секој пакет кој патува низ мрежата има назначено адреса на примачот и испраќачот (IP адреса и MAC адреса) свичот го препраќа пакетот на одредената порта каде се наоѓа примачот со наведената MAC адреса. Доколку кај хабот распределувањето на пакетите е поразлично. Таму секој пакет се копира и се распределува на сите порти со што се зголемува и можноста за колизија намалувајќи ги перформансите на мрежата. Порано разликата во цените на овие уреди беше огромна, но со развивањето на технологијата цената на овие уреди е речиси иста. Наша препорака е да користите свич ако имате мрежа од повеќе компјутери.

    Компјутерите со свичот треба да ги поврзете со прав кабел. Ако бројот на компјутери го надминува бројот на портови на свичот тогаш треба да додадете уште еден свич. Двата свича треба да ги поврзете со кросовер кабел.

    Сега веќе имате мрежа во која ќе можете да си разменувате фајлови

      Сега е точно Пон Апр 29, 2024 4:13 am