Уредување на терариум-флексариум
Како и кај сите живи суштества, така и кај гуштерите постојат големи разлики во карактерите и потребите. Правилното уредување на терариумот или флексариумот за новиот куќен лубимец ќе одземи малку повеќе време, но на крајот ќе се исплати вложениот труд.
Основните норми кон кои треба да се придржуваме се:
1. Технички и сигурносни норми,
2. Карактерни норми, и на крајот
3. Визуелните.
Техничките и сигурносните норми подразбираат големина на терариумот или флексариумот која мора да биде соодветна на староста и големината на животното. Кога животното е младо и мало, потребен и е помал животен простор, едноставно уреден, бидејќи преголемиот простор би можел да предизвика непотребен стрес и непотребна брканица за храна која обично се закопува. Како животното расте, така се преместува во поголем терариум кој треба да и пружи сигурност и пријатност на живеење до крајот на неговиот живот.
Исто така, битно е да се напомене дека две врсти на гуштери не поднесуваат стакло. Камелеоните се сместуваат во флексариуми (терариуми изработени од комбинација на дрво со мрежа) само за да се избегне нивниот одраз во стаклото и да се осигура доволен проток на воздух кој е за нив неопходен. Игуаните се сместуваат воглавно во терариуми изработени од плексиглас, дрво и мрежа, бидејќи кога ќе дојдат до полова зрелост (мажјаците) во одразот гледаат конкуренција, и така стаклените терариуми најчесто ќе бидат скршени, а нивните сопственици изненадени.
Пример на уредување на флексариум
„Затворените“ типови на терариуми (стакло, дрво, плексиглас) мораат да имаат и вградена вентилација заради полесен проток на воздух, а положбата на вентилацијата пак зависи од врстата на гуштери и големината на терариумот.
Кај гуштерите е неопходно правилно осветлување, значи UVB сијалица и сијалица за сончање, мора да се води сметка да животното може да дојди во близина на наведените сијалици (UVB сијалицата делува до растојание од 30 cm дијагонално), но сепак не преблизу бидејќи постои голема можност животното да се опечи. Поради тоа, сијалицата може дополнително да се заштити со посебна мрежа за заштита (рефлектор со мрежа за заштита).
Посебно треба да се внимава на сите спојни места на електричната инсталација!
После поставувањето на осветлувањето треба да се мери температурата и влажноста за да навреме се замени сијалицата со послаба или појака, или пак да се додаде уште една ако со една сијалица не се постигне доволно висока температура. Поголемиот дел од гуштерите мора во терариумот или флексариумот да имаат три различни температурни подрачја: место за сончање со зголемена температура, место за ладење и средина која треба да ја има најмногу. По потреба гуштерот сам ќе се преместува од едно температурно подрачје во друго зависно од тоа како сака самиот.
При уредувањето со „реквизитите“ битни се карактеристиките: сигурност, потекло и карактерот на животното. Пред да го земете животното потрошете малку време и проучете од кој дел од светот доаѓа, без разлика дали било одгледувано во заробеништво, за да можете да му дозволите нешто што поблиску до нивното природно живеалиште. Камењата, поголемите парчиња на дрво, гранки и слично треба обавезно да се прицврстат на некој начин. Постојат врсти кои сакаат да копаат (воглавно се пустински врсти), но и врсти кои сакаат да се качуваат по гранки и дрва. „Копачките“ врсти секогаш ќе копаат песок од под каменот па секогаш и постои можност тој да падне на нив. „Качувачките“ врсти ќе се качуваат (пентерат) кога можат и каде сакаат и има голема можност да паднат и да се повредат.
Но, пред сместувањето на камењата или дрвата се препорачува нивна дезинфекција и тоа со кратко печење на висока температура во рерна, потоа нивно ладење и сместување и прицврстување. При одбирањето на живиот растителен свет-растенијата треба да се води сметка тие да не се отровни, да при кршење не испуштаат никакви отровни материи, но и да е доволно цврста да не се скрши кога гуштерот ќе се качи на неа.
Како што споменавме има доста големи разлики во карактерите. Така на пример постојат агами кои сакаат висина и истражување, но има и агами кои се „легачи“ и не сакаат многу високи места. Постојат камелеони кои многу сакаат слободни гранки и лијани, но исто така има врсти на камелеони каде во флексариумот мора да преовладуваат растенијата (комбинација на вештачки и природни). Поради тоа треба да се оддели дел од времето во набљудување на љубимецот и во согласност со неговиот карактер да се прилагоди уредувањето
Исто така, се препорачува да животното се научи да се храни од сад за таа намена за да се избегне „случајното“ голтање на песок или тресет. Кај сите гуштери мора да има плиток сад со свежа вода, а кај камелеоните обавезно е навлажнувањето на растенијата за да може камелеонот сам да си зема вода од листовите.
На самиот крај, зависно од можностите, волјата и желбата доаѓа до уредување на терариумот (или флексариумот) како визуелен дел.
Ако успеавте да ги споите сите овие норми, и со додавање на многу љубов и трпение, тогаш ќе можете да уживате во моментите кои ќе ги поминувате со вашиот љубимец.
www.exoticum-anima.hr

Пон Aвг 01, 2011 8:53 am by Гостин
» кој виц ве насмеа денес ?
Пон Апр 06, 2009 9:09 pm by jatika
» Man On Fire (2004) HDTV 720p
Вто Дек 16, 2008 10:26 am by ThA DON
» psa trance kolekcija 0
Вто Дек 16, 2008 2:54 am by [^_hYp3Rs0NiC_n3Rd_^]
» Петиција против труење на животните
Вто Ное 18, 2008 2:56 am by web master
» Изгубен на аеродром цели седум дена
Чет Ное 06, 2008 9:32 pm by web master
» како да се привлече секоја жена
Чет Ное 06, 2008 9:25 pm by web master
» нов фим со фифти сент
Чет Ное 06, 2008 9:16 pm by web master
» [MonkeyVision] OpenSuse 11 0 Live CD KDE4
Нед Ное 02, 2008 7:08 am by web master
» Ubuntu-8-10
Нед Ное 02, 2008 6:54 am by web master
» Prison Break
Нед Ное 02, 2008 6:40 am by web master
» Косово-држава!!
Саб Ное 01, 2008 2:42 am by ЌОЌОР
» Корисни интернет страни
Пет Окт 31, 2008 3:10 am by web master
» install
Пет Окт 31, 2008 3:00 am by web master
» Prodavam vespa
Вто Окт 28, 2008 3:17 pm by .:Hara Gobi:.