Целта на овој пост е да Ви покаже како да си направите сами локална мрежа (Local Area Network - LAN) поврзувајќи два или повеќе компјутери.
Локална мрежа претставува мала мрежа која овозможува комуникција на два или повеќе компјутери кои се наоѓаат на мало географско растојание. Најчесто користен стандард за поврзување е со кабел 100BASE-TX Fast Ethernet (UTP - Unshielded Twisted-Pair). Тоа е 100 М врска преку кабел кој се состои од четири пара на увиткани жици.
Освен овој стандард доста присутен во последно време како стандард за локална мрежа е и 1000BASE-TX, односно 1Gbps врска меѓу компјутери овозможена преку UTP кабел. Максималната далечина која може да се постигне преку UTP кабел без загуба на сигналот е до 100 метри. Ако се поврзуваат компјутери оддалечни повеќе од 100 метри пожелно е да се употребуваат уреди кои ќе го обноват и засилат сигналот. Тоа најчесто се репитери (ang. repeater), свичеви (ang. switch) или хабови (ang. hub).
Средства потребни за поврзување на два и повеќе компјутери.
1. Cat5 или Cat5e UTP кабел (должниата ќе биде во зависност од растојанието меѓу компјутерите) Сл.1
2. RJ45 конектори
3. Клешти RJ45
4. Свич или Хаб (ако поврзувате повеќе од два компјутери)
Поставување на конектори на UTP кабел
UTP кабелот се состои од четири пара на увиткани жици обоени со различни бои (портокалова, бело порткалова, плава, бело плава, зелена, бело зелена, кафена и бело кафена) како на слика 1. Увиткувањето на секој пар жици го заштитува сигналот кој поминува низ кабелот од електромагнетна интерференција.
Во зависност од мрежата која ја правите постојат два типа на кабли за поврзување кои се прават преку двата стандарда, EIA/TIA 568А и EIA/TIA 568В.
За поврзување на два исти уреди (пр. компјутер со компјутер, или свич со свич) се користи кросовер кабел (анг. crossover), a за поврзување на разлини уреди (пр. компјутер со свич или рутер со свич) се користи прав кабел (анг. straight-thru).
Без разлика дали мрежата која ја правите е 100Мbs или 1000Mbs начинот на правење на кабелот е сосема ист, но во таа разлика што при 100Mbs мрежи се користат само 2 пара на жици за пренос на синалот, а кај гигабитните се користат и четирите пара на жици за пренос на сигналот. Но за да имате гигабитна врска треба да располагате и со хардвер кој подржува гигабитен трансфер на податоци. Веќе новите конфигурации на компјутери одат со 1000Mbпс мрежни картички.
Кросовер кабел
Овој кабел, како што спомнавме се користи за поврзување на уреди од ист тип (пр. компјутер со компјутер, рутер со рутер, компјутер со рутер, свич со свич). При овој тип на кабел се користат и двата стандарди, на едниот крај на кабелот се употребува EIA/TIA 568A, а на другиот крај стандардот EIA/TIA 568B.
Прав кабел
Овој тип на кабел може да се направи преку двата стандарда, но за разлика од кросоверот, и на двете страни од кабелот треба да е присутен истиот стандард. Значи може да биде направен или со EIA/TIA 568A или со EIA/TIA 568B стандардот.
Заклучок: и двата краеви на правиот кабел се идентични, додека на кросоверот се различни
Најчесто употребуван стандард за правење на прав кабел е стандардот EIA/TIA 568B
Чекор 1.
Земете UTP кабел со должината која ви е неопходна за поврзување. Со помош на скалпер или специјални клешти за оголување, тргнете ја обвивката на УТП кабелот, така што ќе можат да се видат четирите пара на жици. Размотајте ги жиците и подредете ги по стандардот EIA/TIA 568B (бело-портокалова, портокалова, бело-зелена плава, бело-плава,зелена, бело-кафеава, кафеава)
Чекор 2.
Откако сте ги подредиле со клешти отсечете ги во права линија жиците така да се гледаат жиците околу еден сантиметар.
Чекор 3.
Земете го конекторот со опашката свртена надолу, ставете го кабелот во конекторот и со RJ45 клештите претиснете го.

Поставување конектор на кабел

Пон Aвг 01, 2011 8:53 am by Гостин
» кој виц ве насмеа денес ?
Пон Апр 06, 2009 9:09 pm by jatika
» Man On Fire (2004) HDTV 720p
Вто Дек 16, 2008 10:26 am by ThA DON
» psa trance kolekcija 0
Вто Дек 16, 2008 2:54 am by [^_hYp3Rs0NiC_n3Rd_^]
» Петиција против труење на животните
Вто Ное 18, 2008 2:56 am by web master
» Изгубен на аеродром цели седум дена
Чет Ное 06, 2008 9:32 pm by web master
» како да се привлече секоја жена
Чет Ное 06, 2008 9:25 pm by web master
» нов фим со фифти сент
Чет Ное 06, 2008 9:16 pm by web master
» [MonkeyVision] OpenSuse 11 0 Live CD KDE4
Нед Ное 02, 2008 7:08 am by web master
» Ubuntu-8-10
Нед Ное 02, 2008 6:54 am by web master
» Prison Break
Нед Ное 02, 2008 6:40 am by web master
» Косово-држава!!
Саб Ное 01, 2008 2:42 am by ЌОЌОР
» Корисни интернет страни
Пет Окт 31, 2008 3:10 am by web master
» install
Пет Окт 31, 2008 3:00 am by web master
» Prodavam vespa
Вто Окт 28, 2008 3:17 pm by .:Hara Gobi:.